Connect with us

ЛШ: Баерн го освои Париз, Милан го победи Тотенхем (ВИДЕО)

Баерн Минхен со песна се враќа од Париз и има предност од 0-1 по првиот осминафинален меч против ПСЖ во Лигата на шампионите. Детето на ПСЖ, Кингсли Коман, ја затресе мрежата на „светците“ во 53.минута и му обезбеди предност на германскиот првак пред реваншот на „Алијанц арена“.

Килијан Мбапе го почна мечот на клупата, а кога влезе во игра во вториот дел постигна гол, но потоа се покажа дека сепак асистентот Нуно Мендеш претходно бил во офсајд позиција.

Милан го победи Тотенхем со 1-0. Брахим Дијаз во седмата минута ја затресе мрежата на англискиот тим и го постигна првиот свој гол во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Составот на Конте не успеа да одговори до крајот, но ќе има можност за поправен на реваншот во Лондон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови