Манчестер Јунајтед загуби од Баерн Минхен на „Олд Трафорд“ со 0-1 и комплетно е елиминиран од настапите во Европа. Кингсли Коман го постигна погодокот за гостите, а Манчестер Јунајтед заврши на последното место во групата А.
ФК Копенхаген направи чудо и со триумфот над Галатасарај од 1-0 се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Галатасарај е третопласиран и продолжува во Лига Европа. Победничкиот гол за ФК Копенхаген го постигна Лукас Лерагер во 58.минута.
Реал Мадрид со максимален ефект од шест победи го заокружи овој дел од ЛШ. „Кралевите“ победија со 2-3 на гости кај Унион Берлин. Лука Модриќ не реализира пенал, а потоа Кевин Фоланд донесе водство за Унион Берлин во 45.минута.
Но, потоа Хоселу со два гола се погрижи за пресврт. Алекс Крал во 85.минута израмни на 2-2, но потоа Дани Себалјос постигна гол за триумф на Реал.
Наполи ја победи Брага со 2-0. Елиф Елмас играше од 60.минута, а италијанскиот тим славеше со автоголот на Саатчи во деветтата минута и погодокот на Виктор Осимен во 33.минута. Брага е третопласирана со 4 бода, а Унион Берлин остана последен во оваа група со два бода.
Интер и Реал Сосиедад ремизираа без голови, така што гостите останаа лидери на табелата со 12 бода, а Интер е второпласиран, исто така со 12 освоени бода.
Бенфика успеа да се пробие на третото место со триумфот од 1-3 на гости против Салцбург. Анхел Ди Марија, Рафа Силва и Артур Кабрал беа стрелци на головите за португалскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













