Connect with us

ЛШ: Атлетико Мадрид на пенали го елиминира Интер, блесна Јан Облак кога беше најпотребно (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид е последниот патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако на пенали го елиминира Интер во драматичниот дуел на „Ванда Метрополитано“. Јан Облак блесна и ги одбрани ударите на Алексис Санчез и на Деви Класен, а Лаутаро Мартинез не успеа да ја погоди рамката на голот.

Атлетико Мадрид не реализира само еден пенал, а трипати ја погоди мрежата на Јан Зомер и на крајот славеше на пенали со 3-2.

Во регуларниот тек, мечот заврши 2-1. Димарко го доведе Интер во водство во 33.минута, а две минути подоцна израмни Антоан Гризман. Мемфис Депај во 87.минута погоди за 2-1 и го одведе мечот во продолженија, а на крајот последниот четвртфиналист се решаваше со изведување пенали.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови