
Повторно се без Еден Азар кој има нова повреда, но „кралевите“ во многу подобро расположение и речиси комплетиран состав за разлика од првиот меч со Аталанта, го пречекуваат италијанскиот тим на реваншот во Мадрид. По првиот дуел имаат предност (0-1) со голот на Ферлан Менди, а ппанскиот гигант секако сака да избегне нова елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите. Би било тоа трета последовна сезона.
Реал Мадрид влегува во овој натпревар по победата над Елче во Ла Лига, а главната улога ја одигра Карим Бензема. Тој и вечерва ќе биде најопасниот по голот на Аталанта.
Дали е ова невозможна мисија за составот на Џанпјеро Гасперини? Ако се гледа квалитетот на тимот, тогаш Аталанта можеби има се што е потребно за да слави во Мадрид. Но, на италијанскиот тим секако му недостига европското искуство.
Аталaнта во реванш мечот со Реал Мадрид влегува по триумфот од 3-1 против Специја во Серија А. Но, Лигата на шампионите е сосема друга димензија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Тотенхем го врати Жоао Палиња во Премиер-лигата
