
Италијанскиот калчолигаш Аталанта го совлада Ајакс на гости во Амстердам со 0-1 и обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите како второпласиран тим од групата Д. Аталанта го заокружи групниот сегмент со 11 бода, два помалку од Ливерпул кој ремизираше (1-1) на гости против Митјиланд.
На Ајакс му беше потребна победа над Аталанта за да патува во осминафиналето, но не успеа да ја оствари. Ќе игра во Лигата на Европа.
Аталанта одолеа на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам, а на крајот и победи со голот на Луис Мјуриел во 85.минута.
Мохамед Салах во првата минута даде гол во Данска и стана најдобар стрелец на Ливерпул во ЛШ во историјата надминувајќи го легендарниот Стивен Џерард. Митјиланд израмни со голот од пенал на Александер Шолц во 65.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
