Connect with us

Лозана ја заклучи серијата без пораз на Вардар

По ветувачкиот резултат во Скопје, Вардар потклекна на гостувањето во Лозана и со пораз од 4-0 ја заврши европската приказна за оваа сезона. Швајцарскиот тим беше немилосрден, а црвено-црните едноставно не успеаја да парираат.

Сѐ што изгледаше стабилно и охрабрувачки во првиот меч, беше избришано на стадионот „Тулиер“. Вардар не само што ја испушти шансата за прогрес, туку и ја загуби долгата серија без пораз – неверојатни 21 натпревар, со 14 победи и 7 ремија, беа ставени под клуч од Лозана.

Сега сите мисли се насочени кон домашниот шампионат. Вардар ќе се обиде да се рехабилитира уште во првото коло од Првата лига, каде на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува големиот ривал Пелистер. Ново поглавје започнува – сега со уште повеќе докажување пред домашната публика.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови