
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, вечерва од 20:30 часот на „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува швајцарскиот претставник Лозана во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Ова ќе биде првиот сериозен тест за „црвено-црните“ ова лето во обидот да го потврдат сопствениот квалитет на европска сцена.
По успешно минатото прво коло против Ла Фиорита од Сан Марино, избраниците на Гоце Седлоски полни со самодоверба и мотивација влегуваат во новата етапа од квалификациите. Свесни се дека ги очекува далеку потежок предизвик, но веруваат во своите способности и се надеваат на позитивен резултат пред реваншот во Швајцарија.
„Против себе имаме навистина квалитетен противник. Не очекува тежок натпревар и мораме да бидеме свесни за тоа. Швајцарскиот фудбал напредува и нивната лига е силна. Имаме респект, но мора да покажеме карактер. Ќе зависи и од тоа колку противникот ќе ни дозволи да ја наметнеме нашата игра. Се надевам дека момците ќе дадат максимум и ќе избориме добар резултат пред реваншот во Лозана. Не сакам да прогнозирам резултат, бидејќи ова е само прво полувреме од двомечот“, изјави тренерот Гоце Седлоски пред натпреварот.
Вардар се соочува и со одредени кадровски проблеми. Талески и Сековски сигурно ќе отсуствуваат, а неизвесен е настапот и на капитенот Закариќ, кој сè уште не е целосно подготвен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
