Бен Чилвел дефинитивно ја заврши сезоната. Тој ќе паузира долг период откако се здоби со повреда на предните вкрстени лигаменти.
Англискиот репрезентативец оваа сезона во Премиер – лигата постигна дури три гола на шест натпревари, а на натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите заработи сериозна повреда на коленото.
Лекарите денеска утврдија дека тој ќе има задолжителна пауза до крајот на сезоната и дека ќе може да игра фудбал дури од јули следната година.
Челси ќе мора да реагира, на таа позиција го има Маркос Алонсо, играше и Хадсон -Одои иако тоа не му е природно место, а освен тоа постои можност и Емерсон Палмиери да се врати од позајмица.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski