Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски одигра одличен меч против Вест Бромвич Албион на крајот од 2020 година, но сосема спротивно ја отвори новата 2021 во Премиер – лигата. Лидс Јунајтед загуби убедливо на гости против Тотенхем со 3-0, а Џани Алиоски е фудбалерот кој доби најслаба оценка за настапот на овој меч.
Алиоски доби „четворка“ (во систем на оценување од 1 до 10), што значи екстремно лошо одигран натпревар.
„Не се снајде најдобро ниту против Сон, ниту против Стивен Бергвајн. Беше виновник за пеналот со кој Тотенхем дојде до водство“, се вели во дел од образложението за лошата оценка на Алиоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













