Connect with us

Лорис Кариус потпиша за Њукасл

Њукасл и официјално го објави потписот на Лорис Кариус. Поранешниот голман на Ливерпул пристигна како слободен играч на договор за една сезона, а потегот е реализиран по повредата на зглобот на нивниот резервен чувар Карл Дарлоу.


„Возбуден сум, тоа е добра можност за мене да бидам дел од одличен проект. Њукасл има одличен менаџер и игра навистина атрактивен фудбал. Чувствував дека ова е вистинскиот момент за мене и возбуден сум што ќе работам со стручниот штаб и моите нови соиграчи“, изјави Лорис Кариус, чиј последен официјален натпревар беше на 28 февруари 2021 година како позајмен играч во Унион Берлин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови