
Менаџерот на Вест Хем, Хулен Лопетеги, се повреди за време на натпреварот од Карабао купот против Ливерпул на „Енфилд“. „Чеканите“ загубија убедливо со 1-5 и испаднаа од натпреварувањето, но за вечерта да биде уште потешка за гостите, тренерот на тимот имаше лоша среќа да заработи повреда.
Лопетеги имаше потреба од лекарска помош по завршувањето на натпреварот и се појави на прес-конференцијата кривејќи, а го напушти „Енфилд“ со помош на патерици.
Лопетеги заработи повреда на листот на ногата во второто полувреме од натпреварот.
Шпанецот потроши многу нерви, често имајќи големи забелешки кон одлуките на главниот судија. Лопетеги доби и жолт картон за бурните реакции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal