Connect with us

Лондонска битка за ЛШ – Кој ќе успее, Арсенал или Тотенхем?

Тотенхем го победи Арсенал со 3-0 во одложениот натпревар од 22. коло на Премиер лигата и направи голем чекор кон Лигата на шампионите. Избраниците на Антонио Конте славеа со двата гола на Хари Кејн и погодокот на Хјонг-Мин Сон, но голема помош имаа од Роб Холдинг, кој во 26. и во 33. минута сосема непотребно доби два жолти картони и го остави Арсенал со играч помалку.

Со оваа победа Тотенхем заостанува само бод зад Арсенал во борбата за четвртото место, единственото преостанато кое води во Лигата на шампионите. Челси е на пет бода од Тотенхем, а до крајот игра против Лестер и Вотфорд, а еден бод е доволен за да го потврди пласманот во ЛШ бидејќи има многу подобра гол-разлика.

За ЛШ во последните две кола ќе се борат Арсенал и Тотенхем. Арсенал има бод повеќе, но и многу потежок распоред од најголемиот ривал. Во следното коло тимот на Артета ќе игра против Њукасл, а во последното ќе им дојде Евертон кој се бори за останување во лигата.

Од друга страна, Тотенхем в сабота го пречекува Барнли, а во последното коло ќе игра против отпишаниот Норич.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови