Францускиот гигант Пари Сен Жермен успеа да ги договори трансферите на Џорџинио Вајналдум и на Џанлуиџи Донарума. Тие двајца пристигнуваат во клубот како слободни агенти, но доби „корпа“ од Италијанецот Мануел Локатели.
„Светците“ се обидоа да го доведат и Локатели пред носот на Јувентус, меѓутоа фудбалерот на Сасуоло истакна дека неговата намера е сепак да продолжи да игра во Серија А.
Локатели, според италијанските медиуми, веќе се согласил да соработува со „бјанконерите“ и ќе потпише петгодишен договор вреден 3 милиони евра по сезона.
Останува Јувентус да се договори со Сасуоло, кој бара отштета од 40 милиони евра, а раководството на „старата дама“ работи на намалување на цената.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













