Фудбалската репрезентација на Унгарија направи големо изненадување совладувајќи ја Германија на гости во Лајпциг со 0-1. Стрелец на победоносниот гол беше Адам Салаи во 17.минута од дуелот. Во дербито, Италија славеше против Англија со 1-0, со голот на Џакомо Распадори во 68.минута. Англичаните се селат во Лига Б.
Во последното коло, Унгарците ја пречекуваат Италија во битка за првото место во групата, а имаат два бода предност на врвот на табелата.
Босна и Херцеговина ја освои првата позиција во групата 1 од Лига Б откако ја совлада Црна Гора со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Ермедин Демировиќ. Финска и Романија ремизираа 1-1.
Бугарија пред доаѓањето во Скопје го декласира Гибралтар со 5-1. Тоа е деби победа за Младен Крстајиќ, а стрелци на головите беа Антов, Десподов, Кирилов, Стефанов и Петков.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski