Connect with us

Ливерпул за рекорден клупски трансфер го купува Дарвин Нуњез

Еден од најбараните напаѓачи во Европа ова лето, Дарвин Нуњез, ги договорил лични услови со Ливерпул, а клубот веднаш испрати и прва понуда до Бенфика за реализација на големиот трансфер. Клубот од „Енфилд Роуд“ нуди 80 милиони евра и 20 дополнителни милиони преку бонуси.


Се очекува Бенфика да одговори позитивно и најверојатно да ја прифати понудата на Ливерпул, бидејќи тоа е сумата, со бонуси, која клубот ја бараше од почетокот – 100 милиони евра.

Ако Ливерпул го купи Дарвин Нуње, тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на англискиот клуб, а рекордот се уште го држи Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот во зимата 2018 година пристигна од Саутемптон за 84 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови