Англискиот шампион Ливерпул го одложи стартот на претсезонските подготовки, откако клубот сè уште се наоѓа во длабока жалост поради трагичната смрт на Диого Жота.
Првата група фудбалери на новиот менаџер Арне Слот требаше да започне со физички тестови во тренинг-центарот во Киркби денеска, но клубот реши да го одложи враќањето поради последиците од трагичната несреќа во која 28-годишниот напаѓач и неговиот брат Андре Силва го загубија животот во четвртокот во Шпанија.
Комеморацијата се одржа утринава во родниот град на Жота, додека погребот е закажан за сабота во 10 часот во црквата „Игреха Матрис де Гондомар“ во Сао Козме, Португалија.
Менaџерот Слот изјави дека целиот клуб мора да остане обединет во овој тежок момент:
„Му должиме на Диого единство и поддршка едни на други.“
Во чест на Жота, знамињата на „Енфилд“ се спуштени на половина копје, затворени се официјалните продавници, музејот и сите тури до понеделник. Отворена е и книга на жалост – и физички на трибината „Енфилд Роуд“, и онлајн.
Навивачите во Ливерпул и Вулверхемптон, каде Жота мина три сезони, продолжуваат да оставаат цвеќиња, шалови и дресови пред импровизираните меморијали – сведоштво за длабокото влијание што го имаше врз нив.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













