
Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна откако францускиот репрезентативец побара премногу голема плата за продолжување на соработката. Договорот на Коман истекува 2023 година, а тој нема намера да стави потпис на нов договор.
Ова предизвикува револт кај раководството на Баерн Минхен кое може да донесе одлука и за негова продажба до крајот на летото. Тука шансата ја гледа менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Раководството на „црвените“ веќе го контактирало неговиот агент Пини Захави со намера да отпочне преговори за негов трансфер на „Енфилд Роуд“. Ливерпул е подготвен да му даде значително подобри услови на Коман, кој досега заработуваше 8 милиони евра по сезона во Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
