Connect with us

Ливерпул веќе ги најде наследниците на Салах и Мане

Англискиот премиерлигаш Ливерпул има големи главоболки со двајцата најдобри играчи. Мохамед Салах и Садио Мане, чии договори истекуваат во 2023 година. Иако веќе подолго време се водат преговори, се уште нема индиции за продолжување на соработката бидејќи понудите на Ливерпул не се онакви какви што сакаат играчите од Африка.


Баерн Минхен веќе стапи во контакт со Мане и е сериозно заинтересиран за негово доведување, додека ПСЖ го посакува Салах со оглед на сигурната загуба на Килијан Мбапе.
Кога станува збор за нивните наследници се појавија две имиња. Тоа се Серж Гнабри од Баерн Минхен и Мејсон Маунт од Челси.

Гнабри очигледно нема да го продолжи договорот со Баерн и сака да си замине бесплатно. Од друга страна, доведувањето на Маунт не изгледа невозможно поради несигурната ситуација на „Стемфорд бриџ“.

Дали Гнабри и Маунт се доволно добри за да ги заменат Салах и Мане, тешко е да се каже, но ако Јирген Клоп ги сака во тимот, тоа е секако затоа што видел нешто посебно во нив.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови