Англискиот шампион Ливерпул утре треба да ги започне подготовките за новата сезона следната недела, откако клубот ги измени првичните планови поради трагичната смрт на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.
Првично, тимот требаше да се собере на 4 јули (петок), но раководството на клубот го одложи стартот на подготовките, а во саботата голем дел од фудбалерите и стручниот штаб присуствуваа на погребот на Жота во Португалија.
Од Ливерпул соопштија дека фудбалерите добиле дополнителни слободни денови и дека ќе треба да се појават во тренинг-центарот во вторник.
За крајот на неделата е планиран и првиот пријателски натпревар против Престон Норт Енд, но засега не е потврдено дали истиот ќе се одигра. Од клубот порачуваат дека прво ќе ја проверат психолошката и физичката состојба на играчите, па врз основа на тоа ќе донесат конечна одлука.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













