Ливерпул го победи Брајтон со 2-1 и на одличен начин ги искористи поразите на Манчестер Сити и на Арсенал изкачувајќи се на првата позиција на табелата со 25 бода. Тимот на Арне Слот одигра одлично второ полувреме и со пресврт стигна до триумф.
Ферди Кадиоглу донесе предност за Брајтон во 14.минута, но Ливерпул во вториот дел направи пресврт со два гола во период од три минути. Коди Гакпо израмни во 69.минута, а три минути подоцна Мохамед Салах постигна погодок за 2-1.
Манчестер Сити загуби со 2-1 на гости кај Борнмут. Семенјо во деветтата минута обезбеди предност за домаќинот, а сензацијата ја најави Еванилсон со голот во 64.минута, Сити успеа само да намали до крајот, со погодокот на Јошко Гвардиол.
Нотингем Форест продолжува со одлични игри и победи, совладувајќи го Вест Хем со 3-0. Крис Вуд, Калум Хадсон-Одои и Ола Аина беа стрелци на головите.
Саутемптон го победи Евертон со 1-0, со голот на Адам Армстронг во 85.минута. Ипсвич и Лестер ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













