
Ливерпул не успеа да го освои „Сент Џејмс Парк“ ремизирајќи без голови на гостувањето против Њукасл. Тимот на Јирген Клоп не беше премногу убедлив, но, сепак, пропушти неколку одлични шанси за погодок.
Мохамед Салах излезе сам пред противничкиот голман и не реализираше, Садио Мане не успеа ниту од еден метар да ја испрати топката во мрежата, а и Роберто Фирмино имаше две одлични шанси. Њукасл се закани преку Сиран Кларк, но Алисон Бекер спаси водство за домашниот тим.
Ливерпул се наоѓа на врвот на табелата со 33 бода, три повеќе од Манчестер Јунајтед кој има и еден одигран меч помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski