
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е заинтересиран за трансфер на напаѓачот Виктор Осимен од Наполи, пренесуваат медиумите на Островот. Во неколку наврати клубот испратил скаути да ги следат настапите на нигерискиот интернационалец.
Германскиот стратег бара соодветна замена за Мохамед Салах, чија иднина во тимот од „Енфилд“ изгледа сѐ понеизвесна. Можно е Салах во јануари да се пресели во клуб од Саудиска Арабија, со оглед дека клубовите оттаму нудат сериозни суми за Египќанецот.
Виктор Осимен е пред заминување од Наполи по сериозното недоразбирање со тренерот на италијанскиот шампион Руди Гарсија и Клоп верува дека добро ќе се вклопи во Ливерпул.
Претходно, за напаѓачот сериозен интерес имаше од Манчестер Јунајтед и од Челси, но управата на Наполи за својот голгетер постави цена од 150 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal