Голманот на Вулверхемптон, Руи Патрисио се здоби со сериозна повреда на главата и веднаш беше префрлен во болница во завршницата од мечот против Ливерпул. Тој по една акција на Салах, доби колено во глава од соиграчот Конор Коди и буквално беше нокаутиран. Лекарските екипи долго му укажуваа помош, а потоа е префрлен во најблиската клиника. Оваа случка ја засени повредата на Ливерпул од 0-1.
Актуелниот англиски првак Ливерпул се исправи на нозе по двата порази и успеа да слави на гости против Вулверхемптон со 0-1. Диого Жота, поранешниот фудбалер на „волците“, го постигна единствениот гол за гостите на овој меч. Тој успеа да погоди во последните мигови од првото полувреме.
Во вториот дел, Диого Жота и Мохамед Салах имаа шанси да донесат и поубедлив триумф на Ливерпул, но не беа прецизни.
Тимот на Јирген Клоп сега се наоѓа на шестата позиција со 46 бода и се надева дека може да избори пласман во Лигата на шампионите и следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













