Connect with us

Ливерпул побара извинување од Франција за скандалот во финалето на ЛШ

Претседателот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Том Вернер денеска побара извинување од француската влада, по оценката дека навивачите на англискиот клуб се виновни за доцнењето на почетокот на финалето од Лигата на шампионите во Париз.


Саботното финале помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0) доцнеше 36 минути, а француските власти соопштија дека за тоа се одговорни навивачите на Ливерпул со фалсификувани билети.

Францускиот министер за спорт Амели Удеа-Кастера во понеделникот го обвини Ливерпул дека ги оставил своите поддржувачи без надзор, за разлика од шпанскиот клуб.

Вернер испрати писмо до министерот, во кое изрази „неверување“ поради недокажани обвинувања, пред Европската фудбалска унија УЕФА да отвори независна истрага.

„Вашите коментари се неодговорни, непрофесионални и апсолутно непочитување на илјадници емоционално повредени фанови“, додаде тој.

УЕФА во понеделникот објави дека ќе овозможи независна истрага за настаните пред финалниот натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови