Проблемите за Јирген Клоп во одбраната на Ливерпул се зголемија откако повреда заработи и Трент Александер-Арнолд. Десниот бек ќе отсуствува околу еден месец од терените по повредата што ја заработи на мечот против Манчестер Сити.
Тој сигурно ќе ги пропушти мечевите со Лестер и со Брајтон во Премиер – лигата, како и со Аталанта во ЛШ. Исто така крајно неизвесен ќе биде и неговиот настап против Вулверхемптон во англискиот шампионат, како и против Ајакс и Митјиланд во Лигата на шампионите. Ова секако е нов голем удар за „црвените“ откако останаа цела сезона без Вирџил ван Дајк.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski