Connect with us

Ливерпул одби 50 милиони евра од Ал-Хилал за Луис Дијаз

Англискиот премиерлигаш Ливерпул нема намера да го продаде левото крило Луис Дијаз ова лето, освен ако не биде доставена понуда што не се одбива.


Ал-Хилал се обиде да го тестира Ливерпул со понуда од 50 милиони евра за Колумбиецот, но тој е во плановите на Јирген Клоп за следната сезона, па раководството на клубот веднаш го одби овој предлог од тимот од Саудиска Арабија. Сметаат дека понудата била многу мала.


Жорге Жесус го цени исклучително и би сакал да го види Луис Дијаз во својот тим, но позицијата на клубот е јасна – освен во случај на „луда“ понуда, Ливерпул нема да го продаде.


Се очекува наскоро да се реализира трансферот на Фабињо во Ал-Итихад вреден 40.000.000 евра, додека сѐ уште се преговара со Ал Етифак околу обештетувањето на Џордан Хендерсон. Ливерпул бара од 10.000.000 до 20.000.000 евра, додека саудискиот клуб се обидува да го заврши трансферот без обештетување. Тоа нема да се случи, според информациите од „Енфилд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови