
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е заинтересиран за централниот бек на Штутгарт, Валдемар Антон, тврди „Билд“. 27-годишниот фудбалер стана капитен на тимот откако „швабите“ го продадоа Ватару Ендо на „црвените“. Тој одигра одлична сезона за тимот од Штутгарт кој заврши на второто место во Бундес-лигата.
Антон благодарение на добрите настапи обезбеди и место во составот на Џулијан Нагелсман за Европското првенство во Германија.
Според информациите во Германија, за Антон се заинтересирани и Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, чиј договор има ослободителна клаузула во висина од 22,5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal