Connect with us

Ливерпул ќе пие „Coca-Cola“

Англискиот премиерлигаш Ливерпул официјално објави ново партнерство откако се договори со големиот бренд „Coca-Cola“. Двете страни потпишаа долгорочно партнерство, при што компанијата за безалкохолни пијалоци ќе се рекламира и во машкиот и женскиот тим на „Мерсисајд“.


Тимот на Јирген Клоп на тој начин доби дополнително комерцијално засилување со обезбедувањето на оваа соработка.

„Coca-Cola“ вели дека ќе им овозможи на навивачите на „црвените“ уникатни моменти за време на натпреварите кои „не можат да се купат со пари“ и ќе има ограничени изданија со логото на тимот.

Глобалниот бренд стана уште еден спонзор во Ливерпул, кој сака да ги зголеми своите комерцијални приходи за директно да влијае на способноста на клубот да троши повеќе за засилувања на тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови