Ливерпул го положи поправниот испит на „Енфилд“. Тимот на Арне Слот го победи Борнмут со 3-0, откако на минатиот меч дома загуби од Нотингем Форест. Луис Дијаз беше двоен стрелец, а прекрасен гол постигна и Дарвин Нуњез, сите во првото полувреме.
Тотенхем го совлада Брентфорд со 3-1. Мбеумо во првата минута го шокираше домаќинот, но седум минути подоцна возврати и Доминик Соланке. Џонсон се погрижи за пресврт во 28.минута, а во второто полувреме, Тотенхем постигна уште еден гол гола преку Медисон.
Саутемптон и Ипсвич одиграа 1-1, исто како и Лестер и Евертон (1-1), а Астон Вила со пресврт (3-1) го совлада Вулверхемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













