Ливерпул и Јувентус би можеле да влезат во трансферна „војна“ за играчот од средниот ред на Аталанта, Тун Копмајнерс. Двата клуба бараат играчи кои ќе го засилат средниот ред и се насочија кон 25-годишниот Холанѓанец, открива „Кориере дело Спорт“.
Копмајнерс беше донесен во Аталанта од АЗ Алкмар во 2021 година за 14 милиони евра и брзо се наметна во тимот. Оваа сезона има седум гола и три асистенции на 31 натпревар за клубот во сите натпреварувања.
Јувентус моментно важи за фаворит за потписот на играчот од средниот ред. Сепак, на него фрли око и Ливерпул и нема да биде изненадување доколку се обиде да го оттргне Холанѓанецот од Италија и да го доведе на „Енфилд“.
Аталанта е подготвена да го продаде Копмајнерс со добра понуда. Тимот од Бергамо за неговите права очекува околу 40 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













