
Ливерпул ја продолжува својата бајка во Лигата на шампионите, стигнувајќи до петтата победа во исто толку натпревари, и тоа против актуелниот европски првак Реал Мадрид (2-0). „Кралевите“ немаа речиси никакви шанси на „Енфилд“ затоа што Ливерпул доминираше и заслужено стигна до триумф.
Алексис Мекалистер во 52.минута го отвори резултатот, а Килијан Мбапе имаше шанса за израмнување, но не успеа да реализира пенал. Келехер го одбрани неговиот удар од 11 метри во 61.минута.
Потоа и Мохамед Салах не успеа да реализира пенал во 70.минута, но вториот гол за Ливерпул го постигна Коди Гакпо во 77.минута.
Борусија Дортмунд им одржа лекција на фудбалерите на Динамо Загреб славејќи на „Максимир“ со 0-3. Гитенс, Бенсабаини и Гираси беа стрелци за „милионерите“, а Стефан Ристовски беше стартер во тимот на Динамо.
ПСВ со голем пресврт го победи Шахтјор Доњецк со 3-2, а Бенфика славеше на гости против Монако со 2-3. Лил ја победи Болоња со 1-2 на гости, а Селтик и Клуб Бриж ремизираа 1-1.
Астон Вила и Јувентус одиграа меч без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано
