Connect with us

Ливерпул го масакрира Јунајтед на „Олд Трафорд“: Петпати „оле“ за тимот на Оле (ВИДЕО)

Ливерпул дојде на „Олд Трафорд“ и го прегази Манчестер Јунајтед како брз воз. Требаше да биде дерби, но тимот на Оле Гунар Солскјер доби неверојатно понижување, загуби со 0-5, а беше нокаутиран веќе по првото полувреме.

Фановите си заминаа уште на полувремето и не можеа да го гледаат масакрот. За среќа на домаќинот, Ливерпул застана откако петпати ја тресеше мрежата на Давид де Хеа.

Наби Кеита и Диого Жота уште на самиот старт го најавија дебаклот на Манчестер Јунајтед. Потоа на шоуто се приклучи Мохамед Салах кој до крајот постигна хет – трик и беше незадржлив за одбраната на „ѓаволите“.

Пол Погба, кој влезе во вториот дел, во 60.минута заработи директен црвен картон и Јунајтед мораше половина час да се мачи со играч повеќе и со преполнета мрежа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови