Connect with us

Ливерпул доби неверојатна понуда за Салах, ќе го продаде ли во Ал-Итихад?

Саудискиот клуб Ал-Итихад подготвил понуда во висина од 162 милиони евра за Мохамед Салах, тврди „CBS Sports“. Тоа е навистина примамлива финансиска понуда за англискиот премиерлигаш кој оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Ливерпул досега инсистираше на тоа дека Салах не е на продажба. Менаџерот Јирген Клоп изјави дека за него приказните за Египќанецот се завршена приказна.

„Не би сакал да разговарам на таа тема. За мене приказните за продажба на Салах се завршена работа“, изјави претходно Јирген Клоп. Но, прашање е дали новата одлична понуда од Ал-Итихад ќе ги промени плановите на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови