Connect with us

Лионел Меси го продолжи договорот со Интер Мајами за нови три години

Интер Мајами објави дека аргентинската ѕвезда Лионел Меси потпиша нов договор со клубот. Со ова осумкратниот добитник на „Златната топка“ ќе остане во МЛС лигата најмалку до 2028 година.

Клубот објави видео со едноставна порака: „Тој е дома“, прикажувајќи го Меси како седи на маса и го потпишува новиот договор. Камерата потоа се повлекува и го прикажува на градежниот простор на „Miami Freedom Park“, новиот стадион на Интер Мајами, кој треба да биде завршен за почетокот на сезоната 2026.

Досегашниот договор на Меси истекуваше на крајот на 2025 година, но неодамна беше откриено дека се финализираат последните детали од новиот договор.

Со овој потпис, Интер Мајами обезбедува еден од најголемите фудбалски ѕвезди за иднината, а навивачите можат да се радуваат на многу возбудливи моменти додека клубот се подготвува да се пресели во својот модерен стадион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови