
Капитенот на Аргентина и фудбалер на ПСЖ, Лионел Меси, е избран за најдобар фудбалер во светот за 2022 година во изборот на ФИФА. Тој ја доби наградата „The Best“ откако ја предводеше селекцијата на Аргентина до титулата на Мундијалот во Катар.
MESSI IS THE WINNER OF THE BEST AWARD ❤️🐐 pic.twitter.com/4pJhMoVCI6
— Messi Media (@LeoMessiMedia) February 27, 2023
„Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи од репрезентацијата на Аргентина, на селекторот Лионел Скалони, на сите аргентински фанови, на соиграчите и стручниот штаб на Пари Сен Жермен, на моето семејство за огромната поддршка. Без сите вас немаше да бидам тука и среќен сум што го остварив и мојот најголем сон, титулата на Светското првенство. Благодарност, се разбира, за ФИФА за оваа голема награда“, изјави Лионел Меси.
Во идеалниот тим на годината во машка конкуренција во изборот на ФИФА се најдоа: Тибо Куртоа, Ашраф Хакими, Жоао Кансело, Вирџил ван Дајк, Кевин де Бруин, Лука Модриќ, Кашемиро, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Карим Бензема, Ерлинг Холанд.

Најдобра светска фудбалерка е Алексиа Путелјас, која ги освои трофеите во Шпанија со тимот на Барселона.
Во идеалниот тим на годината во женска конкуренција се најдоа: Кристиане Ендлер, Луси Бронз, Марија Леон, Леа Вилијамсон, Венди Ренард, Алексија Путелјас, Кира Волш, Лена Обердорф, Алекс Морган, Сем Кер, Бет Мид.
СИТЕ НАГРАДИ „THE BEST“ НА ФИФА
Најдобар фудбалер: Лионел Меси (Аргентина/ПСЖ)
Најдобра фудбалерка: Алексиа Путелјас (Шпанија/Барселона)
Најдобри навивачи: Аргентина
Фер-плеј: Лука Локошвили (Грузија/Кремонезе)
Најдобар голман: Емилијано Мартинез (Аргентина/Астон Вила)
Најдобра голманка: Мери Ерпс (Англија/Манчестер Јунајтед)
Најдобар тренер во женска конкуренција: Сарина Вигман (селекторка на Англија)
Најдобар тренер во машка конкуренција: Лионел Скалони (селектор на Аргентина)
Најдобар гол: Марцин Олекси

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
