Connect with us

Лионел Меси, ако го освои Мундијалот, ќе стане дел од друштвото на „бесмртните“

Доколку Лионел Меси вечерва успее да го оствари сонот да стане светски шампион со репрезентацијата на својата земја, Аргентинецот ќе влезе во престижна група во која моментално има само осум играчи. Станува збор за оние фудбалери кои во својата кариера имаат хет-трик од трите најпрестижни трофеи – наградата „Златна топка“, како и трофеи од Лигата на шампионите (или КЕШ) и од Светското првенство.


Останатите кои го постигнаа тоа одамна имаат легендарен статус. Станува збор за Боби Чарлтон, Франц Бекенбауер, Герд Милер, Паоло Роси, Зинедин Зидан, Ривалдо, Роналдињо и Кака.

Покрај тоа што Меси ќе може да влезе во ова друштво, тој сигурно ќе го надмине и рекордот на Лотар Матеус за најмногу настапи на светските првенства. Во моментов и двајцата имаат по 25 настапи.

Лео го надмина и рекордот на Габриел Батистута за најмногу голови за Аргентина во финалето на Светското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови