Connect with us

Лингард ќе остане и ќе се бори за место во тимот на Ралф Рангник

Повремениот англиски репрезентативец Џеси Лингард нема да го напушти Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок. Тој не добива голема минутажа, но, сепак, одлучи да не заминува и да се бори за место во тимот на Ралф Рангник.


Манчестер Јунајтед му понуди нов договор на Лингард, но играчот одбива да потпише, бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот. Тој најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ на лето како слободен агент и верува дека тогаш ќе има многу повеќе опции каде да ја продолжи кариерата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови