Италија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство откако вчера по продолженија славеше против Австрија со 2-1. „Аѕурите“ се извлекоа во регуларниот тек откако на Марко Арнаутовиќ по прегледување на ВАР – снимката не му беше признат гол поради офсајд позиција, а потоа во продолженијата победија со головите на Федерико Киеза и на Матео Песина. Единствениот гол за Австријците беше дело на Саша Калајџиќ.
Коментар за триумфот и за играта на Италијанците имаше и легендарниот англиски стрелец Гери Линекер.
„Италија конечно се претвори во Италија. Мислам дека Англија да играше на ваков начин во изминатите две децении ќе освоеше најмалку четири европски трофеи“, истакна Линекер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













