Connect with us

Ликот на Меси ќе биде на аргентинска банкнота

Ликот на Лионел Меси во иднина треба да биде заштитен знак на аргентинската банкнота од 1.000 пезоси (нешто повеќе од 5 евра). Ова го разгледува Централната банка на Аргентина. Тој е фудбалски бог и вистински наследник на Диего Марадона, откако пред три дена со соиграчите од националниот тим го освои Светското првенство.


Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на Мундијалот во Катар, а досега има учествувано на пет светски првенства. По 1986 година и трофејот со Диего Марадона, ова е најголемата радост за Аргентинците.

Меси најави дека и понатаму ќе настапува за националниот тим, а некои се надеваат дека би можел да игра и на шестиот мундијал, за четири години во САД, Канада и Мексико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови