Севилја уште еднаш потврди дека е „мајстор“ за Лига Европа, пласирајќи се во седмото финале во ова натпреварување. Шпанскиот тим по продолженија го елиминираше Јувентус славејќи со 2-1, а во финалето за ривал ќе има уште еден италијански тим, Рома.
Јувентус поведе со голот на Душан Влаховиќ во 65.минута, но само шест минути подоцна одговори Сусо со проектил од 16 метри.
Севилја тргна во офанзива, но мечот отиде во продолженија, а во него Ерик Ламела излезе како херој, откако го постигна победничкиот гол во 95. минута.
Финалето во Лига Европа ќе се одигра на 31 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski