Милан и Манчестер Јунајтед се меѓу најзвучните клубови во Лигата на Европа, но еден од нив ќе го заврши патот веќе во осминафиналето.
Тренерот на италијанскиот калчолигаш Милан, Стефано Пиоли, ќе го има на располагање Златан Ибрахимовиќ за вечерашниот реванш дуел и верува дека позитивното реми (1-1) од „Олд Трафорд“ ќе успее да го претвори во пласман во следната рунда. Но, ќе има и неколку изостаноци во италијанскиот тим.
Давиде Калабрија и Алесио Ромањоли ќе недостигаат во одбраната и средниот ред, а Рафаел Леао и Анте Ребиќ во нападот.
Кај Манчестер Јунајтед, се очекува враќањето на Маркус Рашфорд, но ќе ги нема Кавани, Марсијал и Мата.
Глазгов Ренџерс ја пречекува Славија Прага, а по првиот меч дуелот е комплетно отворен (1-1). Вилјареал е блиску до пласман во следната рунда со оглед дека има предност од два гола (0-2) од првиот натпревар со Динамо Киев, а сега ќе игра на домашен терен. Јанг Бојс исто така има многу тешка задача бидејќи загуби од Ајакс со 3-0 во Амстердам.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski