Јувентус беше главен фаворит за освојување на Лига Европа, но налета на Севилја, тимот кој е предодреден за освојување на трофеи во ова натпреварување. „Старата дама“ едвај се спаси од пораз дома играјќи 1-1 против гостите од Андалузија.
Јусеф Ен Несири го шокираше домашниот тим со голот во 26.минута. Јувентус долго се обидуваше да стигне до израмнување и тоа конечно му успеа на Федерико Гати во последните мигови од дуелот, во 97.минута.
Рома славеше минимално против Баер Леверкузен со 1-0. Тимот на Жоз Мурињо победи со голот на Едоардо Бове во 63.минута.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski