Хрватскиот првак Динамо Загреб ја анулира предноста од два гола против Тотенхем и со триумф од 2-0 во регуларниот тек се избори да игра продолженија за пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа. Мислав Оршиќ беше двоен стрелец за „модрите“, во 62. и во 83.минута. Аријан Адеми и Стефан Ристовски играат одличен меч за хрватскиот тим.
Арсенал загуби на „Емирати“ од Олимпијакос со 0-1, но триумфот од 1-3 во Грција беше пресуден за патува во следната рунда. Јусеф Ел Араби во 51.минута беше стрелец на погодокот за Олимпијакос.
Молде ја совлада Гранада со 2-1, но тоа не беше доволно за да оди во следниот сегмент од натпреварувањето. Хесус Валјехо си постигна автогол, Солдадо го израмни резултатот, но Хестад од пенал донесе триумф за Молде.
Рома и во реваншот го победи Шахтјор Доњецк со двата гола на Борха Мајорал. Жуниор Мораеш погоди за украинскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













