
Хрватскиот клуб Динамо Загреб со соочи со многу турбуленции по поразот (2-0) од Тотенхем во Лондон. На клупата веќе не е Зоран Мамиќ кој поднесе оставка поради правосилната одлука за затворска казна, а за нов тренер е именуван Дамир Крзнар. Но, македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски секако се носители на играта на „модрите“ и од нив многу се очекува на вечерашната пресметка (18. 55 часот) на „Максимир“.
„Негативата од Лондон е голема, но не е ненадоместлива. Ако постигнеме брз погодок и поведеме, тогаш се е можно. Ќе мораме да го дадеме максимумот, дури и повеќе од тоа, ако сакаме да ја оствариме целта. А наша цел е да се пласираме во следната фаза“, изјави оптимистички новиот тренер Дамир Крзнар.
Арсенал на „Емирати“ ќе го пречека Олимпијакос и има позитива од 3-1 од првиот дуел во Грција, а Молде најавува офанзива против Гранада за да ги надомести двата гола (0-2) негатива од гостувањето во Шпанија. Шахтјор Доњецк има уште потешка задача со оглед дека на „Олимпико“ во Рим загуби со 0-3 од Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
