Connect with us

Лидерот на Бундес-лигата со засилување од Шпанија

Лидерот на табелата во Бундес-лигата, тимот на Баер Леверкузен, е блиску до потпис со посакуваниот нов напаѓач на тренерот Чаби Алонсо. „Фармацевтите“ постигнаа вербален договор со Бетис за Борха Иглесијас.


Шпанскиот интернационалец треба да го замени повредениот Виктор Бонифејс.


Баер Леверкузен ќе го доведе Борха Иглесијас на позајмица до крајот на сезоната, а на лето ќе можат да го откупи за 8 милиони евра, соопшти „Скај Германија“.


31-годишниот напаѓач беше главна трансферна цел на Чаби Алонсо, иако Баер Леверкузен исто така се обиде да го ангажира Моисе Кин од Јувентус на позајмица. Сепак, договор за Италијанецот не е постигнат бидејќи тој е блиску до трансфер во Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови