
Продолжуваат осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите, кои носат голема возбуда за фудбалските фанови. Вечерва на програмата се четирите преостанати средби, во кои интересно е дека ќе настапат лидерите од Топ 5 лигите во Европа.
Пари Сен Жермен vs Ливерпул
Бенфика vs Барселона
Баерн Минхен vs Баер Леверкузен
Феенорд vs Интер
Пари Сен Жермен vs Ливерпул
ПСЖ и Ливерпул ќе се соочат во еден од најочекуваните дуели. Двата тима се во одлична форма и водат во своите национални првенства со предност од 13 поени. ПСЖ има серија од десет победи по ред, додека Ливерпул игра стабилно цела сезона. Очекувањата се за неизвесен натпревар со голови на двете страни.
Бенфика vs Барселона
Бенфика ја пречекува Барселона во Лисабон, во реприза на спектакуларниот меч од групната фаза кој заврши со победа од 5-4 за Каталонците. Барселона е во серија од шест последовни победи и е лидер во Ла Лига, додека Бенфика игра стабилно. Очекувањата се за ефикасен дуел, бидејќи двата тима имаат голем напаѓачки потенцијал.
Баерн Минхен vs Баер Леверкузен
Баерн Минхен и Баер Леверкузен ќе се соочат по четврти пат оваа сезона. Леверкузен досега има предност во меѓусебните дуели, вклучително и елиминацијата на Баерн од Купот на Германија. Сепак, Баерн води во Бундес – лигата со осум поени предност пред Леверкузен. Натпреварот ветува голема неизвесност, со оглед на формата и амбициите на двата тима.
Феенорд vs Интер
Феенорд, предводен од новиот тренер Робин ван Перси, го пречекува Интер. Холандскиот тим го елиминираше Милан во претходната рунда и е во серија од шест натпревари без пораз. Интер заврши на четвртото место во групната фаза и досега примил само еден гол во овој турнир. Ова ветува тактичко надмудрување помеѓу двата тима.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Евро-фудбал
Уапсен најголемиот нарко-дилер меѓу фудбалерите

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
