
Бугарскиот великан Левски се обидува да се врати во самиот врв на бугарскиот фудбал, а од зима би можел да има уште еден Македонец во тимот. Покрај Ѓоко Зајков, кој пристигна ова лето, дресот на Левски во зимскиот преоден рок би можел да го облече поранешниот младински репрезентативец Доријан Бабунски. Тој е член на Ботев Враца и одлично ја започна новата сезона во Бугарија.
Добрите игри на помладиот Бабунски не минаа незабележано кај тренерот Станимир Стоилов кој сака да го доведе напаѓачот во Левски.
Своевремено, неговиот татко Бобан Бабунски, во периодот од 1992 до 1994 година играше во Бугарија, но за лутиот ривал ЦСКА Софија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
