
Италијанскиот гигант Милан е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Енис Барди. Шпанските медиуми открија дека „росонерите“ се подготвени да платат 5 милиони евра за да го добијат одличниот играч за врска до крајот на зимскиот преоден рок.
Сепак, засега нема официјална понуда пристигната на адреса на Милан.
„Можам да ви кажам дека нема никаква понуда за Барди, тоа е шпекулација. Енис е многу важен играч за Леванте и јас секако би сакал да го имам и натаму во тимот, но доколку дојде супер понуда, секако дека клубот ќе ја разгледа сериозно“, изјави тренерот Алесио Лисци.
Енис Барди има договор со Леванте до крајот на сезоната, со опција за продолжување за уште една година, но само доколку клубот успее да обезбеди опстанок во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец на лето ќе може да избере нова средина како слободен агент.
Барди дојде во Леванте во јули 2017 година од унгарскиот прволигаш Ујпешт за 1,5 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
