
Баерн Минхен е во шок. Најдобриот светски фудбалер за 2020 година, Роберт Левандовски, се повреди на мечот против Андора во квалификациите за СП 2022 во Катар. Капитенот на фудбалската репрезентацијата на Полска постигна два гола на дуелот против аутсајдерот Андора, а потоа почувствува силна болка во десното колено и побара замена по еден час игра.
Оваа непријатна повреда за Левандовски доаѓа на десетина дена пред првиот четвртфинален меч меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Во редовите на актуелниот европски клупски првак постои сериозна загриженост за состојбата на Левандовски, а напаѓачот во текот на денешниот ден ќе мине детални лекарски прегледи по што биде познато и колкав период ќе треба да паузира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
