
Главната “жртва” на една од најголемите “кражби” во светот на фудбалот во последните години, Роберт Левандовски очекува фер игра во овогодинешното доделување на Златната топка за најдобар фудбалер.
Говорејќи за полските медиуми, Роберт Левандовски рече: „Тешко ми е да кажам колку важни настапи со репрезентацијата ќе бидат во контекст на Златната топка. Очигледно, секој добар настап може да ја зајакне мојата позиција. Прашањето е, дали ја вклучуваме 2020 година, кога беше откажана Златната топка, како и што се случува во 2021 година?
“Мислам дека не можев да направам повеќе, се разбира, освен успехот во репрезентацијата. Покажав дека сум играч кој размислува за освојување на Златната топка. Голема гордост и вистинска чест би било за мене кога јас би ја освоил. Самиот факт дека сум меѓу фаворитите во ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои беа недостижни толку многу години, ме исполнува со вистинска гордост.
“Се надевам дека нема да има политика во сето ова и гласовите ќе го земат предвид само она што играчот го постигна во минатата сезона. Или, во последните две сезони, во зависност од тоа како го толкуваме овогодишното издание.”
Церемонијата за Златна топка во 2021 година ќе се одржи во Париз на 5 декември. “Франс Фудбал” ќе објави двајца победници за прв пат во историјата на наградата, откако изданието во 2020 година беше откажано поради пандемијата од „Ковид-19“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција
